(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО ЗА ХЕРОЈСТВО: Три деца биле заробени во пожар, соседите се искачиле по олукот за да ги спасат!

Во рускиот град Костром на трети кат во станбена зграда избувнал пожар. Во станот каде се ширел огин од пожарот имало три деца на возраст од две, три и десет години.
Соседите повикале спасувачи, но решиле да не чекаат, туку веднаш им помогнале на децата. Мажите се искачиле на олукот, а потоа ги извлекле децата од опожарениот стан.
Во пожарот нема повредени.


Децата биле сами дома, без надзор на родителите. Причината за пожарот се крие во фактот дека децата си играле со запалка, а при тоа ја запалиле софата во кујната.
Пожарникарите го гаснеле пожарот повеќе од половина час – немало поголеми штети во остатокот од станот, но кујната целосно изгорела.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …