(ФОТО) Кралицата ја заврши службената жалоста и се врати на работа

Кралицата Елизабета Втора им се врати на должностите по погребот на принцот Филип и со виртуелна комуникација од дворецот Виндзор со Бакингамската палата имаше аудиенција за две амбасадорки во Обединетото кралство.
Кралицата виртуелно ги прими Ивита Бармистре, амбасадор од Република Летонија и Сара Афоур Амани, амбасадор од Република Брегот на слоновата коска.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Кралицата ги извршуваше своите должности од нејзиниот дом во замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што пред две недели беше погребан принцот Филип, со кого мина седум децении во брачна заедница.
Ова е прв работен ангажман на кралицата Елизабета Втора од официјалното завршување на кралската жалост, но не и од смртта на нејзиниот сопруг на 9. април.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …