(ВИДЕО) Панирани тиквички со сирење и кашкавал од рерна: Рецепт кој сите ќе ви го бараат!

Јадење што потполно ќе ве освои, и феноменален предлог за ручек без месо …
Денешниот предлог од кујната на баба ќе ве собори од нозе. Подгответе тиквички на сосема нов начин. Колку се здрави, се знае одамна, а колку можат да бидат вкусни, ќе дознаете ако го пробате овој рецепт. Уживајте!
Потребно е:
2 млади тиквички
половина чаша од 100 гр. брашно за леб
половина чаша лебни трошки
половина чаша пченкарно брашно
1 лажичка мелен црвен пипер
3 лажици рендан кашкавал
3 чешниња лук
3 јајца
50 гр меко сирење
1 лажица павлака
сол
сусам
магдонос
малку масло за премачкување на тавата
Подготовка: Излупете ги тиквичките, и исечете ја на тенки кришки и насолете. Измешајте и оставете 15 мин. Исцедете ја течноста и додадете го пасираниот лук.
Во сад каде што има сирење и павлака, додадете јајца и кашкавал и измешајте сè со жица за да добиете густа маса. Можете да додадете малку сол.
Измешајте ги брашната со лебните трошки и црвен пипер. Потопете го листот од тиквички во јајцата, а потоа повторно во мешавината со брашна па пак во јајцата и уште еднаш во брашната. Тавата намастете ја со масло и наредете ги тиквички. Истурете ги преостанатите јајца над тиквичките и наросете сечкан магдонос.
Одозгора може да ставите сусам, доколку сакате. Печете на 210 степени околу 30 минути.


Фото: Принтскрин/Youtube/Bakina kuhinja

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …