(ФОТО) Маж тврди дека е син на Чарлс и Камила, луѓето под фотката пишуваат:„Неверојатна сличност!“

Австралиецот Симон Доранте-Деј со години се обидува да докаже дека е син на принцот Чарлс и Камил Паркер-Боулс, а сега на својот Фејсбук профил објавил нова фотографија на која се обидел да укаже на сличноста на изгледот.
55-годишникот роден во Велика Британија верува дека е зачнат кога Чарлс имал само 17. години, а Камила имала 18. години. Доранте-Деј е роден во април 1966. година, а подоцна бил посвоен од семејство во Портсмут, кое имало врски со кралицата.


„Баба ми, која работеше за Кралицата, многу пати ми рече дека сум син на Чарлс и Камила“, рекол тој за 7NEWS.
Иако Чарлс и Камила никогаш не одговориле на неговите тврдења, тој и неговата сопруга, д-р Елвиана Доранте-Деј, не се откажуваат од обидот да го утврдат неговото потекло.
Тие на Фејсбук објавија фотографија од нивниот 20-годишен син Лиам и ја споредиле со фотографија од кралицата, а некои коментатори велат дека сличноста е неверојатна.


„Бевме изненадени од она што го видовме. Мојата сопруга Елви и јас гледаме многу сличности помеѓу членовите на кралското семејство и нашите деца, но ова ми ги отвори очите”, рекол тој.
„Многу луѓе реагираат на тоа затоа што е тешко да се одрече сличноста“, заклучил тој.
Бројни коментатори се согласуваат со него.
„Да, ја видов сличноста на Лиам и Елизабета на фотографијата што ја споделивте денес и помислив: Леле! Има премногу сличности за да биде случајност”, напиша еден коментатор.
„Сличноста е неверојатна“, се согласил друг.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …