МАЛИТЕ деца честопати знаат да се доведат во оапсност поради нивната љубопитност, но една семејна мачка будно внимавала на едногодишното момче кое било заинтересирано за погледот од балконот на куќата.
На видеото објавено на Јутјуб може да се видат мачка и момче се дружат на балконот, а момчето во еден момент почнува да ја грабнува оградата од балконот како да сака да види што има од другата страна.
Грижливата мачка веднаш реагирала и со шепите му ги тргнала рацете од преградата, а со своето тело дури и го спречила момчето да се наведне и случајно да падне.
Видеото стана хит за само неколку дена од објавувањето и собра скоро половина милион прегледи.
Фото: Скриншот/