(Рецепти) Состојка на која и нема рамна: Квасецот е благодет за кожата, косата, ноктите – еве како да го употребите и да блесенете!

Од античко време, квасецот не се користел исклучиво при готвење, но исто така и за природна нега на лице и коса.
Во античко време, жените користеле квасец за да ја одржат кожата мазна, чиста и нежна и да спречат појава на акни и брчки.
Пекарскиот и квасецот за пиво се богати со витамини од Б-комплекс, како што се Б1, Б2, Б6 и Б12, аминокиселини, но и многу минерали, вклучувајќи фосфор, калиум, цинк, железо, манган, калциум, магнезиум. Сите овие состојки го прават квасецот идеален препарат за природна нега и убавина на кожата, косата и ноктите. Освежува, прочистува, хидрира, ја зајакнува и регенерира кожата, обезбедува подобра циркулација на крвта и ја штити кожата од слободните радикали што можат да ја оштетат.
Бидејќи многу проблеми со кожата се јавуваат токму поради недостаток на витаминот Б комплекс во телото, во овој текст можете да прочитате рецепти за подготовка на разни маски за нега на лице, коса и кожа, чија главна состојка е квасецот.


Маска од квасец – рецепти
Квасецот ги смирува воспалителните процеси на кожата, ја обновува сувата и оштетена кожа и коса, го подобрува квалитетот на слабите и кршливи нокти кои се склони на лупење и пукање. Ако кожата и косата се сериозно оштетени, третманите со квасец применувајте ги 2 пати неделно, во рок од 2 месеци.
1. Маска од квасец и млеко – за лице
За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се следниве состојки:
– 1 коцка свеж квасец
– 3 лажици млеко
Подготовка: загрејте го млекото, додадете го квасецот и изматете за да добиете кремаста смеса. Нанесете ја добиената мешавина на лицето и вратот, оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
2. Маска од квасец, мед и маслиново масло – за лице
За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се следниве состојки:
– 1 коцка свеж квасец
– 1 лажичка природен мед
– 2 лажици екстра девствено маслиново масло
Подготовка: Загрејте маслиново масло на тивок оган, додадете квасец и мед и мешајте додека не добиете кремаста маса. Нанесете ја добиената маса веднаш на лицето и оставете ја да стои на лицето додека не се исуши целосно и не се стврдне. После тоа, извадете ја зацврстената маска со прстите и измијте го лицето со млака вода.
3. Маска од квасец, млеко, лен и бадеми – за лице
За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се следниве состојки:
-1 коцка свеж квасец
-3 лажици млеко
-1 лажица мелени бадеми
-1 лажица мелено ленено семе
Подготовка: загрејте млеко, додадете квасец, мелени бадеми и мелен лен, а потоа добро измешајте додека не се добие кремаста маса. Нанесете ја маската веднаш на лицето, оставете ја да делува 15-20 минути. И’ оваа маска ќе се зацврсти на вашето лице. Извадете ја маската од лицето со кружни движења на прстите, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.



4. Маска од квасец и шеќер – за лице
За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се следниве состојки:
-1 коцка свеж квасец
-1 лажица шеќер
-1 лажичка крем за лице што обично го користите секој ден
Подготовка: Изматете ги состојките добро да се соединат во кремаста маса. Нанесете ја добиената маса на лицето, оставете ја да делува околу 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Аргентинско танго – курс за почетници

Музика е комплетна кога некој игра, влезете во светот на танцување, научете Аргентинско танго. Наместо …