(Рецепти) Состојка на која и нема рамна: Квасецот е благодет за кожата, косата, ноктите – еве како да го употребите и да блесенете!

5. Маска од квасец и мед – за лице
За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се следниве состојки:
– 1 коцка свеж квасец
– 1 лажичка природен мед
Подготовка: измешајте мед и квасец, па изматете ги за да добиете фина и компактна смеса. Нанесете ја добиената маска на лицето, оставете ја да делува околу 20 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода.
6. Лосион за лице со квасец
За да го подготвите овој лосион, потребни ви се следниве состојки:
– ½ коцки од свеж квасец
– 50 мл јаболков оцет
– 50 мл дестилирана вода
– 1 лажичка масло од бадеми
Подготовка: измешајте ги сите состојки и добро изматете додека не добиете мешавина што личи на лосион. На парче памучна вата, нанесете од добиениот лосион, кружно движете лесно на лицето, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.


7. Млеко за чистење лице со квасец
За да го подготвите ова млеко за лице, потребни ви се следниве состојки:
– ½ коцки од свеж квасец
– 1 лажичка природен мед
– ½ лажички бадемово масло
– 100 мл млеко
Подготовка: Растопете го медот во млекото, па додадете ги другите состојки и измешајте ги убаво да се соединат. Нанесете ја добиената мешавина на парче памучна вата, истријте го лицето со лесна масажа, а потоа исплакнете. Пред да го нанесете ова млеко, лесно навлажнете ја кожата на лицето со вода.
8. Маска за коса од квасец
За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се следниве состојки:
– 1 коцка свеж квасец
– 1 јајце
Подготовка: Изматете го јајцето, додадете го квасецот и изматете го повторно за да се соедини во кремаста смеса. Нанесете ја оваа маска на влажна коса, а потоа завиткајте ја косата со алуминиумска фолија, а потоа со крпа. По 20-30 минути исплакнете ја косата со шампон.



9. Крем за раце со квасец
За подготовка на овој крем потребни ви се следниве состојки:
– 1 коцка свеж квасец
– 1 лажица крем за раце
Подготовка: измешајте ги состојките, а потоа добиената смеса намачкајте ја на рацете, во подебел слој. Ставете памучни нараквици на рацете и оставете го кремот цела ноќ. Исплакнете наутро.
10. Мелем за усни со квасец и лимон
За да го подготвите овој мелем, потребни ви се следниве состојки:
– 1 лажичка свеж квасец
– 2-3 капки исцеден сок од лимон
Подготовка: добро измешајте ги состојките и намалете ја добиената смеса на усните. Овој мелем се препорачува да го оставите да работи преку ноќ, иако можете да го ставате на усните во текот на денот, но и тогаш мора да стои неколку часа. После тоа, исплакнете ги усните со вода и намачкајте ги со лабело или нешто што обично користите, како гроздова маст, на пример.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …