(ВИДЕО) Адидас патики од милион долари – прескапи поради детали

Познатиот спортски бренд исфрлил вистински колекционерски примерок на патики, кој поради необичните детали може да достигне цена од еден милион долари.

Не би можеле да трчате во овие патики, но би можеле да ги изложувате во вашата прекрасна вила – секако, да сте милионер.
Адидас и германскиот производител на порцелан Меисен неодамна работеле заедно на моделот ZX8000, рачно обоени патики од кожа и порцелан. Нивниот дизајн е инспириран од познатата вазна на Меисен Кратер од 1856 година, која е позната по голема количина на бои, дезени и мотиви.
Порцеланската патика е дел од серијата A-ZX, на која работеле уметници, дизајнери и други креативци. Моделот создаден во соработка со Меисен е особено сложен. Тој на себе има парчиња вистински порцелан, кои се зашиени на „јазикот“ и на задниот дел од патиката.


Meissen x Adidas ZX8000 има 15 елементи од вазната на Меисен Кратер, вклучително и цветни дезени и мотиви со змејови. Секој од овие елементи го насликале четворица уметници од компанијата „Меисен“, но дури и на таквите мајстори им биле потребни шест месеци да ја завршат работата.
Експертите проценуваат дека патиките од порцелан на Адидас би можеле да достигнат цена од еден милион долари.


Фото: Скриншот/youtu.be/Zzw9HvqW8Yo


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …