Џенифер Анистон на Инстаграм објавила фотографија од нејзин пријател кој се наоѓа во болница, откако се заразил со коронавирус.
„Ова е нашиот пријател Кевин“, напишала Џенифер Анистон.
„Ова е нашиот пријател Кевин. Комплетно здрав, нема други здравствени проблеми. Ова е ковид Ова е реалност. Не можеме да бидеме толку наивни за да мислиме дека можеме да бидеме посилни од ова. Ако сакаме да го победиме ова, а сакаме, носете ги проклетите маски. Само сетете се на оние кои веќе страдаа од овој ужасен вирус. Направете го тоа за доброто на вашето семејство. И’ пред се за себе. Ковидот напаѓа на која било возраст“, напишала актерката.
„П.С. Оваа фотографија е направена во април. Фала му на Бога, тој е скоро целосно опоравен. Ви благодарам за молитвите“, објаснила таа.
Џенифер Анистон и Кортни Кокс
Во објавата додала и фотографија на која таа и Кортни Кокс носат маски.
Инфлуенцерката Кјара Ферани која уште во март од родната Италија се обидела да предупреди на разорноста на Ковид – 19 и заблагодарила во коментарите.
„Џен, ти благодарам што ја креваш свеста“, и порачала.