НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп:  Интерактивен  детски концерт  “Музичко другарување”- ГРУПА ТРИАНГЛ

За прв пат во Прилеп, в понеделник 20.07.2020 од 19.00 часот пред ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи еден многу поинаков интерактивен концерт за деца  насловен “Музичко другарување”.

Концертот е концепиран согласно протоколите за лична заштита. Интеракцијата е од самото место на седење и притоа нема физички контакт.


Концертот е создаден од професионални музичари кои ја будат фантазијата низ игра и музика.

Едукативен е, опфаќа актеулни теми за чување на здравјето и Бон тон однесувањето, а притоа е и интерактивен. Сето тоа е сублимирано во време траење од 45 минути.Наменет е за деца од 2 до 10 години.


Задолжително носење на заштитна маска за време на настанот и почитување на ограничените места/столчиња за присутност!

Организаторите ГРУПА ТРИАНГЛ и НУЦК “Марко Цепенков” ве очекуваат на едно поинакво другарување!


 

ОПШТИ податоци на детскиот проект:

Ефекти:     Приближување и едуцирање на најмладата популација.

Целна група:   деца од   02 – 10 години

Време траење на претставата:  45 мин.

Локација на изведба:плато на НУЦК -надворешни услови

Идеен концепт, сценарио, режија:  Десанка Глигоријевиќ

Солисти:Самовила – Симона Петровски (оперски пеач) ;

Војниче Ане – Андреј Наунов (пијанист);

Војниче Јане -Јане Дунимаглоски (оперски пеач, гитара, мандолина);

Техничка тонска поддршка: К&D Audio- Skopjе

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …