Снимка од која застанува здив: Зад девојката се појавила мечка, таа снимила селфи со неа!

Црна мечка, од грб, им пришла на група планинари во Мексико, но тие успеале да останат мирни, а една девојка дури успеала да сними селфи со животното.
Средбата се случила на популарната пешачка патека во еколошкиот парк Чипинк во Сан Педро Гарза Гарсија, соопштило лицето кое го споделило видеото. На видеото се гледа како жената стои неподвижна додека мечката и’ приоѓа и ја душка, а во еден момент таа стои на две нозе.


Зад неа, две други планинарки успеваат да останат мирни додека гледаат како мечката ја мириса нивната пријателка. Таа, пак, го искористила неверојатниот момент и го извадила својот мобилен телефон и направила селфи со мечката, која стоела зад неа само толку колку селфито да и успее.

Мечката потоа полека се оддалечувала, а групата брзо си заминала. Шокантниот момент бил споделен на социјалните медиуми и собрал повеќе од 2. милиони прегледи за помалку од два дена. На Твитер го сподели и поранешниот кошаркар во НБА, Рекс Чепман, кој бил импресиониран од сталоженоста на девојката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …