ПОРАДИ СВАДБЕНИ ФОТОГРАФИИ ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ 20. ГОДИНИ ЗАТВОР: Брачен пар во Калјининград е обвинет за откривање државни тајни!

Брачна двојка од руската западна ексклава на Калининград, кој се соочува со казна затвор до 20 години за откривање на идентитетот на таен агент кој се појавил на нивните свадбени фотографии, се соочуваат и со обвиненија за откривање државна тајна на странска разузнавачка служба, јавуваат руските медиуми.
Антонина Зимина, директорка на Балтичкиот центар за дијалог на културите и нејзиниот сопруг Константин Антонјетс се обвинети за предавство, откако на нивните свадбени фотографии се појавил поранешен соученик и сегашен службеник за контраразузнавање на Федералната служба за безбедност (ФСБ), кој се појавил на нивните фотографии од свадба кои кружеле на социјалните медиуми и на телевизијата „Балтик“, пренесува „Москва Тајмс“.


Како што во четвртокот изјавил таткото на Антонина Зимина за новинската агенција РСЕ/РЛ, која е финансирана од САД, парот сега е официјално обвинет за пренесување доверливи информации на членовите на разузнавачката служба во Латвија.
Антонјетс, наводно, дошол до тие информации кога бил адвокат на министерот за економија од регионот Калининград, објави весникот „Комерсант“ минатата недела, повикувајќи се на неименувани извори. Како што се наведува, станува збор за документи кои содржат податоци за активностите на регионалните разузнавачки служби и проекти финансирани од локалната власт.
Цитирајќи анонимни извори, Znak.com во четвртокот објави дека Антонијетс дистрибуирал таен документ во врска со јавно достапна одлука за помош на администрацијата на Калининград, за жителите на специјалната економска зона. Поранешниот заменик министер за економија од овој регион, наводно, сведочел против него.
Таткото на Антонина Зимина тврди дека поранешниот заменик министер во своето сведочење рекол дека Антонијетс и Зимина однеле доверливи документи во Латвија пред три или четири години, откако Антонијетс учествувал во составувањето на истите.
Зимина и Антонјетс биле уапсени во 2018. година, а судењето започнало зад затворени врати во мај.
Двојката ја негира вината. Таткото на Зимина претходно изјавил дека агентот на ФСБ, капетанот Максим Денисенко, зборувал отворено за својата работа и дека на парот му дал своја визит-карта на нивната венчавка во 2015. година.
Односите меѓу Русија и Летонија и нивните балтички соседи, кои се во ЕУ и во НАТО, се затегнати уште од распадот на Советскиот Сојуз и откако Русија го анектираше Крим. Во последниве години, руските власти ги обвинија поединците за предавство и откривање на државни тајни, меѓу кои и научници и новинари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …