Овен
Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу полесен начин ќе можете да го иницирате она што ве интересира. Некои ситуации конечно ќе започнат и ќе тргнат кон реализација или разрешница, ќе имате доволно енергија за се. Решавате дел од проблемот што ви тежеше. Приливите се зголемени, но вие имате тенденција да трошите многу, па може да наидете на дефицит на вашата сметка, па бидете внимателни. На самиот крај на неделата веќе започнатите деловни проекти би можеле да ги доведете до успешен крај без поголеми проблеми, а од друга страна, реално е да очекувате дека ќе започнете барем еден нов бизнис.
Љубов: Оваа недела е добар момент за Овните кои се во врски да ги исправат грешките во партнерските односи, да ја вратат комуникацијата во некоја нормална рамка, но време е и да ја вратите страста и заедништвото во врската со саканата личност. Ќе се промени енергијата помеѓу вас и партнерот, ќе имате повеќе време еден за друг, но и за излегување или евентуално одење на патување. Слободен Овен, ве следат интересни контакти со спротивниот пол, но без многу конкретни настани. Само комуникација која оди во вистинска насока.
Здравје: Здравјето повеќе или помалку стабилно и под контрола. Зајакнете го вашиот имунитет и внимавајте на исхраната.
Текстот продолжува на следната страна