БОРБА СО ВИРУСОТ – ХОРОР ВО АМЕРИКА, МРТОВЕЧНИЦИТЕ СЕ ПОЛНИ! Повеќе од 140.000 починати, а бројот на заразени драматично расте

Бројот на починати од коронавирус во Соединетите држави денес надмина 140.000.
Во 42. од 50. држави, бројот на нови инфекции рапидно расте во последните две недели.
Според анализата, од крајот на јуни, има големо зголемување на бројот на нови случаи во Соединетите држави, а шест недели подоцна, бројот на починати почнал да расте.
Како што се наведува, околу 5.000 луѓе умираат во САД секоја недела, додека, заради споредба, вкупно 8.800 луѓе починале во соседна Канада од почетокот на пандемијата.


За само една недела во САД се регистрирани 5.600 смртни случаи, онолку колку што има Шведска од почетокот на пандемијата.
Во најпогодените американски окрузи исчезнуваат местата за сместување на телата, затоа што мртовечните се полни.
Округот Марикоп во Аризона бил принуден да донесе 14 камиони – фрижидери за сместување на 280 тела и повеќе од двојно од капацитетот на мртовечниците, во очекување на натамошно зголемување на бројот на мртви.



Во Тексас, во округот Сан Антонио и Биксар, нарачани се пет камиони – фрижидери за околу 180 тела.
Појавата на вакви мобилни мртовечници придонесло во некои јужни држави да превладее чувството дека пандемијата излегува од контрола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …