(ВИДЕО) МАЈКА СЕ ЖРТВУВАЛА, И НАСТРАДАЛА ВО ПОЖАРОТ, ЗА ДА ГО СПАСИ СИНОТ: Тригодишникот по некое чудо е спасен од бивш маринец!

Поранешен американски маринец успеа да фати тригодишник кога неговата мајка го фрлила од третиот кат пред таа самата да загине во пожарот. Минувач ја забележал драматичната сцена со својот мобилен телефон.
Филип Бланкс (28) истрчал бос пред зградата од која слушнал повици за помош, кога видел дека еден стан на третиот кат е целосно зафатен со пламен. Рејчел Лонг дошол за да помогне.
Филип успеал да го фати момчето и да му го спаси животот, но, за жал, неколку секунди подоцна, Рејчел настрадала во пожарот.
„Таа е најголемиот херој овде затоа што ја направи најголемата жртва да го спаси својот син“, рекол Филип.


Како што тој опишал, малечкиот Џејмсон се „вртеше како елиса“ во воздухот додека паѓаше, што го отежнувашло фаќањето.
“Дадов се од себе. Знам да фатам, научив како додека играв рагби на колеџ. Им давам заслуги на рагбитп и морнарицата што ме обучи да спасам животи. Мислам дека не сум херој”, рекол скромно Филип.
Џејмсон и неговата осумгодишна сестра се во болницата и се лекуваат од изгореници, но се очекува да преживеат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …