До среда не очекува сончево и топло и температура над 30 степени: Еве што не очекува за викенд!

Утре (вторник) и во среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30. до 38. степени.

Утре (вторник) и во среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.


Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи од пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски, па за сабота максималната температура се очекува да биде 36. степени, а во недела 35. степени Целзиусови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …