Џад Ло, холивудскиот актер познат по своите врска со жени кои не можат да му одолеат, бил „фатен“ како шета со бебето кое неодамна го доби со Филипа Кун.
Ова е шесто дете за славниот заводник, и никој сè уште не го знае неговиот пол, бидејќи парот ги крие сите детали од јавноста.
Џад сега е сликан како си игра со детето, а цело време бил расположен и насмеан. Неговиот изглед изненади многумина, имајќи предвид дека актерот носеше долга брада и коса подолга од вообичаеното.