Баба се нашла во голема дилема – да спаси чаша со алкохол или внуче од паѓање.
Видеото кое со денови кружи на Интернет, стана вирално. Баба, за која се верува дека е од САД, одлучила да ја спаси чашата од падот, па многумина ја нарекоа „Баба на годината“ и добро се насмеале.
Во краткото видео, бебето се обидува да ја земе чашата од масата, а кога бабата го сфатила тоа, инстинктивно посегнала по неа и ја тргнала раката со која што го држела бебето околу струкот, па тоа паднало.
When you've finally become an adult and have your priorities straight. pic.twitter.com/fSSIX2I6XT
— The Cultured Ruffian (@CulturedRuffian) October 12, 2020
„Можеше инстинктивно да го земе бебето во раце“, прокоментирало едно лице на Твитер, но има повеќе кои застанале на страната на бабата.
“Ако чашата паднеше, можеше да се скрши и да го повреди бебето”, “Бебињата паѓаат. И секој пат кога ќе паднат, тие се добро. Подобро отколку да се исече на стаклото”, рекле тие.