(ВИДЕО) Со „Мерцедес“ возел 160 км/час по град – наскоро пресуда

НЕВЕРОЈАТЕН пример за неодговорно и крајно опасно возење нема да остане неказнето.
27-годишниот Арон Ли е снимен како вози низ Сандерленд со неговиот црн Мерцедес. На патот со три ленти каде што е снимен, ограничувањето на брзината е 48. км на час. Тоа не го спречило да вози неверојатни 160 км/ч на погрешна страна од патот. Во својот поход, тој прелетал преку пешачкиот премин, а според локалните медиуми, станува збор за прометна улица недалеку од болницата.


Судскиот процес е пред крај, а зад долгиот процес стои макотрпна работа. Имено, за осудата обвинителството морало да ја докаже минималната брзина со која се движело возилото, што вклучувало бројни вештачења. Висококвалитетната снимка добиена од обвинителството многу помогнала.
Алан Браун од локалната единица за сообраќајни несреќи за Chronicle Live изјавил дека е шокиран од снимката: „Ова е еден од најлошите примери за брзо возење што го видов во целиот мој работен век во полициските сили“.
Неодговорниот возач на Мерцедес бил прогласен за виновен и пресудата ќе биде донесена на 23-ти октомври.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …