Здрав колач со урми

Засладете се без грижа на совест, еве како да подготвите здрав колач од урми
Состојки:
25 урми
200 г овесни снегулки
1 лажица кикирики путер (или обичен)
2 банани
семки од лен, сончоглед, сусам
4 лажици какао
вода
1 јајце
1 лажичка прашок за печиво
Подготовка: во овесните снегулки ставете 1 лажичка прашок за печиво, додајте ги семките, потоа јајцето, пасираните банани, се добро соединете (по потреба додајте малку млеко или вода), истурете во помал плех и префрлете во рерна загреана на 180 степени. Оставете да се пече 15 – 20. минути.
Урмите исчистете си и исечкајте, додајте какао и путер и полијте со млака вода (да ги покрие урмите), оставете малку да стојат па се убаво испасирајте да добиете налик на крем.
Кога кората од овесните снегулки ќе се излади нанесете го кремот од урми и вашиот колач е готов. По желба додајте истопено чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …