(ВИДЕО) РОМАНСКИ МИЛИОНЕР НАПРАВИЛ ХАОС: Намерно се изложил на ризик да се зарази со корона за да докаже дека нема болест и се уништува економијата!

Романскиот милионер и политичар Виорел Катарама намерно ризикувал да се зарази со вирусот корона за да ја докаже залудноста на мерките воведени во земјата. Поради тоа, тој го навлекол гневот на обвинителството, што отворило истрага против него, но и на сопствената сопруга, која е доктор.
Катарама, која истовремено е претседател на една од гранките на романскиот Црвен крст, го прегрнал човекот кој е позитивен на вирусот корона во градот Барбулести, соопштило државното обвинителство, пренесува Танјуг.
65-годишникот се обидел да докаже дека мерките за физичка дустанца се непотребни и дека тие само предизвикуваат штета на економијата.


„Длабоко сум убеден дека ништо нема да ми се случи“, додал Катарама на Фејсбук.
Тој напишал дека сака да докаже дека „голема грешка е да се доведе Романија до банкрот и да се укинат нашите основни права и слободи“.
Романскиот Црвен крст, но и сопругата на тој бизнисмен која е лекар, го критикувале неговиот потег. Не е познато дали Катарама се заразил.


Во Романија која има околу 18. милиони жители, од Ковид-19 починале 926 лица, а заразени се нешто повеќе од 15.000

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тврдат дека не е словенечки – Снимката од разговорот на Меланија предизвикала дебата: Дали првата дама зборува босански, хрватски или српски?

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ги посетиле областите на Лос …