Wine and Music Sessions – започнува ново музичко и винско доживување во Скопје

Аудиокултура заедно со Винарија Камник започнуваат серија посебно конципирани настани на кои се спојуваат доживувањата на музика и виното, под мотото „Музиката спојува, виното инспирира“.

This image has an empty alt attribute; its file name is audiokultura-1.jpg


Оваа петочка ноќ, првата од Wine and Music Sessions помина со настапот на Јован Милошевски на акустична гитара, македонски виртуоз кој живее и работи во Шпанија како професор со сопствено училиште во Палма де Мајорка. Настапот на Милошевски беше збогатен со Blind Tasting дегустација на избрани вина од Винарија Камник.

This image has an empty alt attribute; its file name is audiokultura-2.jpg
Спојот на добрата музика со избраните етикетиод Камник, беше дополнет со едукативен елемент во автентичниот амбиент на Аудиокултура за пронаоѓање на префинетиот звук и вкус.


This image has an empty alt attribute; its file name is audiokultura-vino.jpg
Со создавањето на Wine and Music Sessions се започнува еден различен социјално-културен тренд каде целта е да се понуди нова содржина во урбаниот живот и да се долови суштинската врска меѓу музичката и винската култура.Овие вечери што го збогатуваат живеењето во градот, ќе продолжат во следните месеци со настапи и на други истакнати музичари и уметници.

ПР текст фото: Стефан Рајхл


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …