(ВИДЕО) Киану Ривс во живо, во емисија, си играл со кученца. Глетката го топи срцето…

ЕДЕН од омилените холивудски актери, Киану Ривс, гостувал во The Tonight Show со Џими Фалон, со кого разговарал за неговиот последен филм „Џон Вик 4“, во кој се појавува речиси десет години откако ја играше главната улога во првиот дел од франшиза.
По дискусијата за филмот следел забавен дел од емисијата, квиз во кој актерот одговарал на прашањата на водителот за различни животни, а за секој точен одговор добивал кученце во рацете како награда.


Актерот толку добро одговарал што во еден момент седел во фотелја со еден куп преслатки кученца во скутот. „Кој е крал на кутрињата?Јас сум“, се пофалил Ривс, прекриен со кученца, на крајот на квизот.

Добил понуда за брак од обожавателка
Инаку, Киану Ривс е познат како „најголемиот холивудски доброчинител“ со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во добротворни цели. Актерот често се дружи со бездомниците и е исклучително љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни обожаватели.
Неодамна, по премиерата на филмот „Џон Вик 4“ во Тексас, добил понуда за брак. „Ќе се омажам за тебе“, му порачала една обожавателка од публиката. Актерот кој никогаш досега не бил оженет ѝ одговорил: „Да, внимавај што посакуваш“ и со својот одговор насмеал многумина.


Фото: Принтскрин/YouTube/NBC

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …