(ВИДЕО) СВРШЕНИЦАТА НА РОНАЛДО – Расплаканата Георгина во емисија зборувала за смртта на нејзиниот син

„Никој не знае како ми е“, изјавила Родригез…
Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо (38), манекенката Георгина Родригез (29), проговорила за смртта на нивниот син. За тоа Георгина детално зборува во продолжението на нејзиниот документарен филм „Soy Georgina“, а дека плачела се гледа и во трејлерот.
Како што вели, „најдобриот и најлошиот момент“ во нејзиниот живот се случил во април 2022 година, кога ја родила ќерката Бела, а нејзиниот брат близнак починал за време на породувањето.
– 40 милиони луѓе ме следат, но никој не знае како се чувствувам. Годинава го доживеав и’ најдобриот и најлошиот момент во исто време… Животот е тежок, а јас имам причини да продолжам и да бидам силна – низ солзи изјавила Георгина.


– Мојот приоритет е семејството и моите деца. Јас сум толку среќна и толку благодарна. Животот е тежок, животот продолжува. Имам причина да продолжам и да бидам силна – говори Георгина во трејлерот за документарецот и истакнала дека Роналдо и бил голема поддршка во најтешките моменти.
Роналдо и Георгина се во врска од 2017 година, а на крајот на истата година го добија првото заедничко дете Алана Мартина. Роналдо веќе ги има синот Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

Фото: Принтскрин/YouTube/Netflix


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на грчкиот бенд „The Bonnie Nettles“ во Агора

Вечерва со почеток во 21:30 часот, во кафе барот Агора во Куманово, ќе се одржи …