ВТОРО ПРЕДОЗИРАЊЕ СО ВАКЦИНА: После случајната шесткратна имунизација против ковид 19 во Италија, сега се случила и четирикратна

Нов случај на предозирање со вакцини против корона вирус е повторно пријавен во Италија, каде сè уште не стивнува „бурата“ поради првиот ваков инцидент од пред неколку дена.
Примател е, пак, една млада женска личност, сега студентка од Тоскана, на која по грешка и биле инјектирани четири дози вакцина „Фајзер“. Таа ноќта ја поминала во дежурната болница поради треска, болка во коските, отечени раце, главоболка и страшна дехидрираност.

Ова во петокот го потврдила нејзината мајка, која рекла дека девојката и покрај тоа што испила неколку литри вода, сепак има ужасно чувство на сувост во устата. Нејзината состојба ќе ја следат два института, во Милано и Фиренца, кои секоја недела ќе прават крвни тестови на девојката.


Италијанска „Република“ пишува дека младата жена ќе мора повторно да се вакцинира, бидејќи, како што истакнуваат експертите, „отстапувањето од препорачаната доза го поништува производството на антитела“.
Во претходниот случај на предозирање на млада Италијанка (23) на која и биле инјектирани дури шест дози вакцина „Фајзер“, имунизацијата ќе треба да се повтори, односно таа ќе прими друга вакцина. Фактот дека и ’е вбризгана шесткратна доза и донесе на оваа девојка епитет на светски феномен, бидејќи никој досега не добил толку многу дози одеднаш. За време на тестирањето, „Фајзер“ проверил и што се случува ако на некое лице му се дадат повеќе дози на вакцина, но не биле дадени повеќе од четири дози.
За разлика од студентката која имаше цела низа несакани ефекти, нејзината претходна сонародничка реагирала како ништо да не се случило. Таа дури немала ниту зголемена температура.
Д-р Томазо Беланди, директор на секторот за безбедност на пациентите во Тоскана, тогаш рекол дека „инцидентот се случил поради пад на вниманието на медицинска сестра“. Веднаш сфатила што сторила и ги алармирала лекарите. Таа морала да разговара со психолог кој ја опишал како „крајно трауматизирана“.
Ниту едно од двете лица кои ја примија петкратната доза, едното во Германија, другото во Израел, исто така, немало несакани ефекти.


Наместо вакцини физиолошки раствор
ВКУПНО 140 луѓе на северот на Франција погрешно примиле инјекции на безопасен солен раствор наместо вакцина против коронавирусот. Управата на болницата ја видела грешката следниот ден и започнала внатрешна истрага. Сличен случај се случил во Германија, каде медицинска сестра во Долна Саксонија признала дека наполнила шест инјекции со солен раствор наместо вакцина „Фајзер“.


Мешавината не е штетна
ИСТРАЖУВАЊЕТО во Велика Британија за тоа дали различни вакцини против ковид19 може да се мешаат при примање на првата и втората доза ќе биде продолжено. Досега е заклучено дека комбинацијата не само што не штети, туку може да има и корист, односно да создаде подолготраен имунитет и да донесе заштита од разни мутации на вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Атакама“ од црногорскиот писател Никола Николиќ

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, во рамките …