(Вознемирувачко видео) Моментот кога жена со автомобил удира пешак

Најновото видео објавено на Твитер го покажува моментот кога жена влетала во група демонстранти на крстосницата во Менхетен, Њујорк. Најмалку шест лица беа повредени во таа пригода.
Според Ен-Би-Си Њујорк, демонстрантите претходно го опколиле автомобилот и го удирале, што може да се види на подоцнежно објавеното, со успорено движење, видео.


Во паника, жената наводно се движела напред за да избега, удирајќи пешаци, соопштила полицијата.
Возачот и сопатникот, двете жени, останале на лице место, а полицијата ги испрашала. Се уште не е покренато обвинение, но истрагата за инцидентот е сè уште во рана фаза.
Портпарол на њујоршката полиција изјавил дека полицајците биле покрај демонстрантите на улицата, осигурувајќи ниту еден автомобил да не сврти во источната 39-та улица.
Сепак, автомобилот управуван од жената бил паркиран среде затворен блок, што на крајот довел до инцидент.
Претходно, се појавила снимка од апсењето, а еден демонстрант бил уапсен на местото на настанот поради попречување на полициската истрага.
Да потсетиме, инцидентот се случил нешто после 16 часот на раскрсницата во Менхетен, каде во тоа време имало околу 40-50 демонстранти од движењето „Црните животи се важни“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …