(ВИДЕО) ХЕРОЈ КОЈ ПОМАГА ПОРАДИ ЛИЧНО ЛОШО ИСКУСТВО: Платил комуналии за 114. семејства кои биле пред исклучување од струја

Жителот на Флорида, Мајкл Есмонд им помогнал на дури 114 семејства плаќајќи ги сметките за комунални услуги затоа што им се заканувало исклучување пред празниците, пишува Си-Ен-Ен.

Есмонд минатата година платил сметки за комунални услуги за 36 домаќинства. Бидејќи оваа година ситуацијата е полоша како резултат на коронавирусот и ураганот Сали, Есмонд донирал 7.615 УСД оваа година за да плати сметки за 114. домаќинства.


Така, оваа година тој издвоил 4600 УСД повеќе за плаќање на сметките отколку минатата година, пишува Си-Ен-Ен.


„Мене ме погоди фактот дека луѓето не можат да плаќаат сметки кои не изнесуваат повеќе од 100 УСД по семејство. Затоа морав да ги платам сметките за 114. домаќинства“, рекол Есмонд.
Тој изјавил дека неговиот бизнис бил многу успешен во 2020 година и дека сака да го сподели својот профит со оние на кои им е потребно.
„Во осумдесеттите години бев во слична ситуација, морав да ги плаќам сметките и да израснам три ќерки. Немавме пари и тие ни го исклучија греењето“, рекол Есмонд.
Тој објаснил дека затоа сега сака да им помага на другите луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …