Во недела, во Котур промоција, на хуманитарниот #ТвитерКалендар 2019

Твитерџиките и твитерџиите повторно се покажаа како одлични и храбри модели.
По петти пат, за хуманитарни цели, десетина македонски твитерџики и твитерџии се разголеа за традиционалниот #ТвитерКалендар, пред објективот на фотографот Ѕвонко Плавевски.
Промоцијата на #ТвитерКалендар 2019 е закажана за недела (23 декември) со почеток во 20:00 часот во Котур.
Календарот секоја година предизвикува голем интерес, не само меѓу твитер заедницата, туку и кај пошироката јавност, бидејќи средствата собрани од продажба на календарот се донираат во хуманитарни цели. Повеќе информации ќе најдете на настанот на Фејсбук.
Доколку ве интересира како изгледаа претходните изданија, погледнете ги галериите од изминатите години:
2017 – http://goli.n.ie.mk/2017/
2016 – http://goli.n.ie.mk/2016/
2014 – http://goli.n.ie.mk/2014/
2013 – http://borka.org.mk/borka-vesti/tviterkalendar-2013/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …