Премиера на „Пинокио“ во „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Во недела 23 декември 2018 од 12.00 часот во театарот „Војдан Чернодрински” премиерно ќе биде изведена претставата за деца „Авантурите на Пинокио”, која по фанатастичната книга од Карло Колоди, ја режира Дарко Ковачовски.
Во сабота 22.12. е предпремиерата од 13 часот.
Драматизацијата на оваа извонредна авантуристичка пиеса за деца e на режисерот Дарко Ковачовски заедно со Надја Василева Ковачовска, која e и автор на сценографијата, костимите, маските и куклите.


„Се работи за куклено драмска претстава. Пораката што ја носи претставата е многу актуелна. Говори за едно дете кое преку своите неуспеси пораснува. За да добиеш срце не е потребно да си дел од големиот свет, туку да имаш сочувство кон другите“,вели режисерот Ковачовски.
Во претставата играат Јасмина М. Станкоска, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Даниела Иваноска, Александар Тодески, Наташа Ачански, и алтернација е Катерина Чакмакоска Клинческа.
Автор на музиката е Томе Темелкоски, а преводот на текстот е на Лидија Митовска Ѓорѓиевска.
Претставата е дел од програмата на театарот за 2018 година поддржана од Министерство за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …