ВО ДУБАИ – Рестораните на вакцинираните им нудат попусти: Првата доза – 10%, за втората – 20%!

Три ресторани во Дубаи им нудат попусти на гостите вакцинирани против коронавирус, објавено е на социјалните мрежи во време кога емиратот ја забавува вакцинацијата поради доцнењето во испораката на вакцината Фајзер/Бионтек.
Во Дубаи се отворија рестораните, хотелите и продавниците, што повторно ги отвори границите за туристите да го оживеат овој важен сектор за економијата.
„Прва доза: 10 проценти попуст. Втората доза: 20 проценти попуст“, објавија три ресторани на Фејсбук и Инстаграм, прецизирајќи дека за тоа ќе биде потребен доказ како лекарско уверение.
Дубаи започна кампања за вакцинација во средината на декември откако кинеската вакцина Синофарм и американско-германскиот Фајзер/Бионтек беа одобрени. Сепак, здравствените власти објавија забавување на вакцинацијата со вакцината Фајзер за време на викендот поради доцнење во испораката.
Во овој контекст, владата одлучи да ограничи одредени активности и да ја зајакне контролата врз мерката за оддалечување. Властите ги повикаа жителите да пријават прекршувања преку мобилна апликација.
Според официјалните податоци, повеќе од два милиони луѓе примиле вакцина од вкупно 10. милиони жители. Во Емиратите со корона се заразени повеќе од 280.000 лица, а речиси 800 лица починале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …