(ВИДЕО+ФОТО)Шакира и Пике денеска слават роденден: Пејачката подготвува невиден подарок

Светски популарната пејачка, а може да се каже и танчерка, денеска слави роденден! Интересен податок е дека нејзиниот поранешен партнер, Жерар Пике, слави роденден на истиот ден. Веќе неколку дена се шушка дека е подготвен подарок за одмазда.
Како што пренесуваат светските медиуми, Шакира подготвува уште една одмазда за популарниот фудбалер. Овој пат таа била инспирирана од пејачката Мајли Сајрус, која 33-от роденден на поранешниот сопруг Лијам Хемсворт го зачини со новата песна „Flowers“.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


На новата песна, која ќе биде роденденски подарок за Пике, Шакира соработуваше со колумбиската ѕвезда Карол Џи.Спотот го снимија за само два дена, а работеа по 15 часа дневно за да биде се готово на време, тврди новинарката во подкастот „Mammarazzis”.
Останува да видиме каков текст подготви популарната пејачка.


View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Медиумите пишуваа за тоа дека Пике ја изневерил Шакира, а фудбалерот наводно го раскинал договорот со пејачката. Имено, наводниот договор меѓу поранешната двојка бил тие да не се појавуваат во јавност со новите партнери една година по раскинувањето, што Пике не го почитуваше, со оглед на тоа што бил виден со својата нова девојка Клара Чија Марти.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …