(ВИДЕО+ФОТО) НОВИНАРКАТА КРИСТИНА СЕ УБИЛА ПРЕД КАМЕРИ: Луѓето останале шокирани кога дознале која е причината за овој ХОРОР

Кристина Чабак била млада репортерка која се самоубила пред камерите во програма во живо. Тогаш никој не знаел дека Кристина со години се борела со депресија и самоубиствени мисли
Единственото снимено самоубиство се случило во 1974 година на Флорида. Кристина Чабак, новинарка која со години се борела со депресивни мисли, се самоубила пред камерите, во програма во живо.
Семејството на Кристина било свесно за нејзините склоности кон самоубиство, но нејзината мајка решила да не кажува никому за да не остане нејзината ќерка без работа. Ниту настанот четири години претходно, кога Кристина испила грст таблети, не ја натерал да им признае се на луѓето околу неа.
На 29 години Кристина немала пријатели, момче, сопруг или деца. Нејзината прва љубов загинала во сообраќајна несреќа, а потоа имала само уште едно момче кое нејзиниот татко не го одобрувал бидејќи бил Евреин.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-cabak-1.jpg


Една година пред да се самоубие, и го извадиле десниот јајник, а лекарите ја советувале да забремени во следните 2 до 3 години бидејќи тоа нема да биде можно подоцна. Работите да бидат уште полоши, Кристина се заљубува во колега кој немал никакви чувства кон неа.
Кристина била многу критична кон себе и кон својата работа. Една недела пред нејзиното самоубиство, таа на уредникот на ноќните вести му кажала дека купила пиштол: „Мислам дека е добра идеја да одам во живо и да се убијам“. Новинарката тоа го кажала на шега, а уредникот веднаш ја сменил темата.
Братот на Кристина подоцна и призна на јавноста дека таа му кажала дека планира да се самоубие.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-cabak-3.jpg


Како се случило сето тоа?
На 15 јули 1974 година, Кристина дошла на работа во 9 часот наутро, откако пиела кафе со нејзината мајка. Тој ден таа се однесувала доста сериозно и смирено. Известувајќи за важни вести, таа се свртела кон камерата и рекла:
„Во согласност со политиката на Канал 40 за верно прикажување на насилството и крвопролевањето, сега ќе имате можност први да видите уште една работа – обид за самоубиство“.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-cabak-4.jpg


После тоа од чантата извадила пиштол и си пукала во глава. Цевката од пиштолот се зачадила, а косата и леташе по целото лице. Изгледало како ветрот да и ја разбранува косата. Кристина се затресла, а потоа паднала со главата на масата.
Гледачите биле сведоци на страшниот настан, а телевизијата повикала брза помош. Кристина била пренесена во болница, каде набргу починала. Нејзиното тело било кремирано, а нејзината пепел била расфрлана во Мексиканскиот залив.
„Беше ужасно, страшно, страшно депресивно. Немаше блиски пријатели, немаше момче… Беше стара мома на 29 години и тоа страшно и пречеше”, рекла нејзината мајка.
Според приказната за Кристина Чабаке снимен и филм.

Фото: Принтскрин/ххх/BorderLine Films

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …