(ВИДЕО+ФОТО) Ѕвездата на „Бекстрит бојс“ обвинета за силување на малолетничка со аутизам

Пејачот Ник Картер е обвинет за силување малолетно девојче во 2001 година, според новата тужба и прес-конференцијата на наводната жртва и нејзините адвокати одржана во четвртокот..
Расплаканата Шенон Шеј Рут на Фејсбук во живо изјавилае дека била сексуално нападната од ѕвездата на „Бекстрит бојс“ кога имала само 17 години.
„Последните 21 година беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување, што е директен резултат на силувањето на Ник Картер“, тврди сега 39-годишната девојка.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Carter (@nickcarter)


„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо повеќе не влијаеше на мене или имаше потрајно влијание врз мојот живот од она што го направи и ми рече го Ник Картер“, рекла таа во својата исповед.


This image has an empty alt attribute; its file name is senon-autisticna.jpg

Рут потоа изјавила какви страшни навреди наводно и упатил познатиот пејач.
„Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме нарече „рет****ирана кучка“ и ме грабна и ми остави модринки на раката“, истакнала таа и додала:
„Картер се обиде да ме исплаши, да ме замолчи… тој беше гаден и се закануваше“, рекла расплаканата Шенон.


Рут на прес-конференцијата истакнала дека се двоумела дали да проговори бидејќи верувала дека може да „оди во затвор“ ако некому каже што наводно се случило.
Наводната жртва во тужбата навела дека била поканета во автобусот на турнејата на пејачот по концертот на кој присуствувала во Такома, Вашингтон, откако застанала во ред за автограм, пренесува Daily Mail. .

Да потсетиме, ова не е првпат член на бој бендот да биде обвинет за сексуална злоупотреба. Во 2017 година, поранешната членка на „Dream“, Мелиса Шуман тврдеше дека Картер сексуално ја нападнал кога таа имала 18, а тој 22.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …