(ВИДЕО+ФОТО) ВОДИТЕЛ ВО ЕМИСИЈА ВО ЖИВО ПРИЗНАЛ ДЕКА Е ГЕЈ! Ги изненадил сите во студиото затоа што 27. години е во брак!

Филип Скофилд (57), ТВ-презентер кој е 27. години во брак, изјавил дека чувствува болка и збунетост во врска со она што го направил на своето семејство, откривајќи му на светот дека е геј.
Во петокот наутро, тој ја открил својата сексуалност на својот Инстаграм профил со писмо што го напишал на јавноста пред да пристигне во телевизиско шоу за да разговара за сè со својата колешка и најдобриот пријател, Холи Вилоги.


После 27 години брак со Стеф, со кого има две ќерки, Моли (27) и Руби (24), тој вели дека сега е подготвен да ја „прослави“ својата сексуалност. Тој во емисијата открил дека долго време се борел со својата тајна и дека конечно чувствува олеснување. Тој се запознал со Стефани кога работела како асистент продуцент на Би-Би-Си, каде работела на детска програма.

Холи рекла: “Мислам дека сите прво треба да земеме воздух. Чувствувам во твојот глас колку ти е тешко, ова е голем ден. Знам дека живееш со ова многу долго време”.


Фил одговорил: „Смешно е како сите околу мене се позитивни и ме оддржуваат, и целото мое семејство рече:’Во ред е. Ние те сакаме и се гордееме со тебе’. Сите знаевме дека ќе дојде моментот кога ќе го признаеш ова. Тешко е затоа што тоа не се случи преку ноќ, се борев со тоа во главата некое време. Стефани и јас бевме навистина искрени едни со друг. Таа е неверојатна. никој не ме поддржуваше во мојот живот повеќе од неа. Фактот дека бев геј ми го преземаше умот и секој пат кога седев до некој кој беше со иста сексуалност, но тој веќе им имаше признаено на сите, мислев дека е храбар и дека и јас морам што побргу да го направам тоа. Сè што можеш да бидеш во животот е да бидеш искрен со самиот себе, и знаев дека не сум. Не си се допаѓав на себе“.


Кога станува збор за Холи, водителот се обратил на публиката и рекол: “Таа е сестра што никогаш ја немав. Јас сум горд на мојот тим, ти си неверојатна и те сакам”. Пред да започне шоуто, Холи споделила фотографија од нив заедно, сугерирајќи дека Фил ќе открие нешто големо што таа го опишува како – „Никогаш не бев повеќе горда на тебе. Денес сме заедно во 10 часот во шоуто“. Таа открила дека што и да се случи ќе биде со него, а целиот тим и аплаудирал.
На прашањето за неговите ќерки, тој рекол: “Не беше лесно да им кажам, но тие исто така ми беа голема поддршка. Кога им реков тие само скокнаа и ме гушнаа како и мајка им и ми рекоа дека секогаш ќе бидеме семејство”.
Тој додал дека во моментов не размислува за нова врска, бидејќи на крајот на краиштата, ова е процес што трае – прифаќање на самиот тој. Покрај огромната поддршка од семејството и колегите, тој добил голема подршка и од тв гледачите.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …