(ВИДЕО) Искината гибаница: Идеален рецепт за викенд

Веќе денес можете да ја направите оваа гибаница. Домаќинките ја обожуваат бидејќи е едноставна за подготовка…
Потребно е:
300 г кори
200 г сирење
200 мл јогурт
50 мл масло
1/2 кесичка прашок за печиво
3 јајца
Подготовка: корите искинете ги или исечете со ножици. Јајцата изматете ги па додајте изронето сирење и јогурт како и печиво.Се’ изедначете. Во тоа уфрлувајте по малку кори додека сите не се измешаат со филот. Округло тавче број 26. намачкајте со масло па истресете ја смесата со корите. Израмнете и распоредете со вилушка. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 45. минути.
На половина печење покријте со фолија.
Служете топло со јогурт или кисело млеко.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …