(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете го новиот дом на Иванка Трамп: Еден од најлуксузните простори во Мајами!

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер купиле парцела од 1,4 хектари од латини sвездата Хулио Иглесијас за 30 милиони долари.
Парцелата се наоѓа на ексклузивниот остров Индијан Крик (Флорида) и парот планира да изгради вила на неа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ARTE By Antonio Citterio (@artesurfside)


Во меѓувреме, тие одлучиле да живеат во Мајами и, додека ја планираат изградбата на нивната куќа од соништата, само што потпишале годишен закуп за да се преселат во еден од најлуксузните простори во Мајами.


Станува збор за зграда во форма на пирамида, наречена „Arte Surfside“ и е дизајнирана од италијанскиот архитект Антонио Китерио.

Зградата има 16. единици (станови – апартмани), меѓу кои еден пентхаус неодамна се продаде за дури 33. милиони долари, а најевтините единици се продале за околу 12 милиони долари.

Секоја единица има директен влез во лифтот и пространи тераси. Станарите имаат пристап до загреан затворен базен, тениско игралиште, спа и фитнес центар, соба за игри и салон за деца.

Приватната резиденција нуди и 24-часовно обезбедување, а лифтовите се заштитени со технологија за препознавање отпечатоци.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …