Новиот суперхеројски филм „Thor: Love and Thunder“ од студиото Марвел е продолжение на успешниот филм „Thor: Ragnarok“, а првите фотографии од сетот на овој блокбастер, кој во моментот се снима во Австралија, ги воодушевија обожавателите ширум светот.
Имењаците Крис Прат и Крис Хемсворт беа „уловени“ од папараците во целосна воена опрема и костуми во кои ќе ги гледаме на големите екрани следната година.
View this post on Instagram
Режисер на овој филм за суперхерои е новозеланѓанецот Таика Ваитити, а огромната и моќна продукција ќе остане во Австралија некое време.
Се споменува дека ова снимање на локалната економија ќе и донесе дури 180. милиони долари и ќе обезбеди 2.500 нови работни места и ќе оствари соработка со повеќе од илјада локални компании.
Фото:Скриншот/Youtube/Smasher