Македонија во првата половина на 2021. година од механизмот Ковакс би требало да добие 103.000 вакцини, Астра Зенека.
Во првата половина на 2021 година, Македонија треба да добие 103.200 дози од вакцината АстраЗенека против ковид-19 од механизмот Ковакс, беше објавено во првата прогноза на Глобалниот сојуз за вакцини (GAVI).
Во прогнозата на т.н. индикативни дистрибуции за првиот и вториот квартал од 2021 година вклучуваат над 130 земји кои учествуваат во програмата Ковакс, кои треба да примат 1,2 милиони вакцини Фајзер/Бионтек во првите испораки и над 350 милиони дози на вакцината АстраЗенека, која сè уште чека одобрување од Светската Здравствена организација (СЗО).
Кога станува збор за земјите од регионот, Србија треба да добие 345.600 вакцини АстраЗенека, потоа најголем број вакцини АстраЗенек треба да се дадат на БиХ (153.600 плус 23.400 дози на Фајзер), Албанија (141.600), Косово (100.800) и Црна Гора (84.000).
Во ГАВА наведуваат дека оваа индикативна дистрибуција е наменета како привремено упатство за учесниците во механизмот Ковакс за првата рунда на дистрибуција на дозата, односно дека не е обврзувачка и може да биде предмет на промена, особено кога станува збор за ограничувања на производството или оперативниот режим.
Се додава дека вкупните дози планирани за првата испорака на Ковакс опфаќаат во просек 3,3 проценти од вкупното население од 145 учесници и дека ова е во согласност со целта на Алијансата за вакцини да достигне најмалку три проценти од населението во сите земји во првата половина на годината, доволно да ги заштити најранливите групи како што се здравствените работници.
Извор: who.int