(ВИДЕО+ФОТО) Пее за нејзиниот „Омилен“, но таа стана омилена по настапот на „Макфест“: Марија Спасовска го промовираше спотот за новата песна!

Дефинитивно младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“, кој се одржа викендот во Штип.
Нема сомнеж дека Марија ги освои срцата на публиката, а доказ за тоа се позитивните коментари кои не престануваат да пристигнуваат на нејзина адреса.

This image has an empty alt attribute; its file name is marija-spasovska-2.jpg
Таа имаше одличен настап со нејзината песна „Омилен“ уште во првата вечер од фестивалот, а тоа го потврди нејзиниот пласман во втората вечер, каде настапи со веќе докажаните музички ѕвезди од македонската естрада.
Веднаш по завршувањето на фестивалот, односно наредниот ден младата пејачка го објави и својот видеоспот за макфестовската песна, кое го изработија момците од „Урбан Рекордс“.


This image has an empty alt attribute; its file name is marija-spasovska-1-1.jpg
„Презадоволна сум од песната, настапот реакциите на публиката, задоволна сум од себе како се претставив на фестивалот. Добивам по десетици пораки дневно на социјалните мрежи од луѓе кои не ги познавам дека им се допаднал мојот настап, а тоа посебно ме радува и ме мотивира во исто време. Се надевам дека песната ќе биде слушана во иднина“. – вели младата пејачка.

This image has an empty alt attribute; its file name is marija-spasovska.jpg
Марија се потпишува како автор на оваа песна, односно нејзини се музиката и текстот, а прсти замеша и познатиот продуцент Роберт Билбилов кој го направи аранжманот.
Инаку Марија во својата фиока има веќе неколку готови песни, па следната ќе биде објавена за само неколку месеци или неколку недели од сега…
До тогаш погледнете го спотот за „Омилен“, а доколку ви се допадне, лајкнете и споделете…


Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …