(ВИДЕО+ФОТО) Одлучи публиката – Данкан од Холандија победник на Евровизија: Тамара не направи ГОРДИ како осма и ни го донесе најдобриот пласман досега!

Наш херој на вечерта беше Тамара Тодевска која испеа маестрално, на Европа и остави балада која „ќе живее“ долги години донесувајќи безвременска порака за сите женски чеда во светот…

Холандија со пејачот Данкан Лоренс и песната „Аркада“ победи на Евровизија, а Тамара Тодевска и го донесе највисокиот пласман на Северна Македонија досега, 8. место. Македонија вечерва, по седум години пауза беше дел од финалето на Евровизија со Тамара, чија песна „Горда“ успешно ја помина втората полуфинална вечер во четвртокот.


„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, напиша Тамара на Твитер на крајот од гласањето.


Тамара пееше осма по ред во финалето, а нејзини придружни вокали беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Македонија доби 12. поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и долго време беше на првото место на табелата. Гласањето на жирото го заврши на второ место со само 2. поена зад Шведска. На крајот, по гласовите на публиката со скромни 53. бода, заврши на осмото место.


„Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.
Македонската претставничка Тамара Тодевска го освои високото 8 место со 295 бодови што испиша историја во поглед на нашиот пласман досега.

Данкан Лоренс од Холандија со 492 гласа е побденик на овогодинешниот евровизиски натпревар. Песната „Аркада“ му донесе победа на 25 годишното момче.

„Секогаш музиката е на прво место“, рече младиот Данкан по прогласувањето на победата.

Финалето почна така што ланската победничка Нета „слета“ на сцената, по што се емитуваше нејзина снимка од авионот, во која на симбличен начин ја повика цела Европа да ѝ се придружи на патување низ музиката. Потоа на сцената продефилираа сите учесници од 26. земји, налик на изборите на изборите за мис на убавина, а водителот на сите им посакуваше добредојде на нивните јазици. Прва настапи Дана Интернешл, победничката на Евровизија во 1998., како и некои од израелските претсавници низ годините на Евровизија. Израел досега четири пати има победено на Евровизија.Прва настапи Малта, а Шпанија последна.

Ова беше прв настап на Македонија во финалето од 2012. година, кога нè претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“. Најдобриот пласман досега го држеше Елена Ристеска, која беше 12. со песната „Нинанајна“ на натпреварувањето во Грција во 2006. година.

Специјална гостинка беше поп кралицата Мадона, која изведе две песни во пресрет на гласањето: класикот „Како молитва“ и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, во придружба на 35-член хор, но општ впечаток е дека разочара и покрај огромната сцена, придружни вокали и танчери…

Но, наш херој на вечерта беше Тамара Тодевска која испеа маестрално, на Европа и остави балада која „ќе живее“ долги години донесувајќи безвременска порака за сите женски чеда во светот.Тамара уште еднаш не врати во најубавите времиња на Евровизија кога победуваа вистинските и издржани композии, каква што е „Горда“, а не шоу програми со технички детали. Таа како и победникот дојде на сцената и ја испеа песната, но Тодевска не плени и со емоциите кои и донесоа и некоја солза на финалниот настап.

Таа беше фаворит што покажаа и стручните жири комисии, но…Да не бараме виновници за осмото место и да се радуваме на историскиот настап…А, оние кои се оглушија на нивното, на тоа што доаѓа од нивната земја, наместо да се гордеат и да гласаат решија да го бојкотираат…Но, тоа е нивен проблем. А ние, ние имаме за што да се радуваме – на Тамара Тодевска, „Горда“ и нејзиниот тим кои докажаа дека и на овие простори може да се направи нешто за што луѓето ќе зборуваат…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …