Ѕвездите предвидуваат: До крајот на мај овие три знаци ќе доживеат вистинска љубов

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Ах таа љубов, вечна мака додека не се пронајде или едноставно не се кренат раце од барањето на вистинскиот партнер/ка. Иако многумина мислат дека ѕвездите немаат врска со љубовта, астролозите излегуваат со конкрентни прогнози за љубов која ќе им ги згрее срцата на некои знаци и тоа до крајот на овој месец…
Следниве три хороскопски знаци, овој мај ги очекува вистинска среќа во љубовта.

Лав
Првата половина на месецот е навистина страсна. Можеби размислувате за запросување или за брак, а ќе имате и ваша визија за тоа како треба да ви изгледа односот со партнерот. Некои Лавови ќе ги променат плановите за иднината, бидејќи љубовта од минатото ќе сака да се врати во нивниот живот. Некои ќе размислуваат за стара љубов и ќе сакаат да проверат дали таа врата е навистина затворена. Во овој период ќе нема љубомора и посесивност од ваша страна, но тврдоглавоста нема да ви биде од корист. Во текот на мај повеќе ќе бидете насочени кон кариерата, а домашните обврски ќе ѝ ги оставите на саканата личност, нешто што ќе предизвика несогласување.


Доколку не сте во врска и барате партнер, среќата може да ви се насмевне на 19. мај. Нема да ја очекувате оваа привлечност која ќе ја разигра вашата фантазија во последниот дел од месецот. Можна е и романса на работното место или со некој што ќе го запознаете во работно опкружување.

Девица
Темелите на надеж, соништа, фантазија и страст врз кои го градите односот со саканата личност треба да бидат реалистични. Во текот на мај можете повеќе од ова да претворите во реалност. Ова е одличен период за комуникацијата со саканата личност и за долгорочни планови, но и за соништата и проблемите што ги имате. Сега полесно ќе најдете начин да ги исполните заедничките цели. Имајте на ум дека во првиот дел од месецот можно е да настанат недоразбирања, сомнежи и други проблеми кои ќе испливаат на површина. Вториот дел од месецот е поволен за романтични игри и за обновување на страста, особено кај паровите што се заедно подолго време.


Доколку не сте во врска, а сакате да бидете, втората половина од месецот ќе ви донесе прилика, ако ништо друго, барем за момент да заборавите на вашето критикување. Љубовта е само чекор понапред од ѕидовите зад кои се криете кога станува збор за вашите чувства. Овој месец ќе бидете инспирирани и храбри и ќе ги поместите границите и ќе експериментирате со вашата сексуалност и интимност на поразличен начин. Доколку вашето семејство не ја прифаќа личноста којашто сте ја одбрале, бидете трпеливи и не обидувајте се да наметнете ништо.

Скорпија
Можеби досега ви се укажала можност за долга врска. Скорпиите кои се во брак ќе ја освежат комуникацијата со партнерот и ќе бидат поопуштени. Сега можете да поработите на она што досега не функционирало, да ги дефинирате заедничките цели и да уживате во обостраното внимание. Од 15-ти мај ќе најдете посебен начин да се зближете со партнерот доколку нештата досега не биле најдобри.


Втората половина од месецот е одлична за долгорочни планови, а некои Скорпии можеби ќе се одлучат за брак. Доколку сте сингл, можно е да започнете врска со значајна личност или со некој којшто сте го запознале преку работата. Во долгите врски, страста ќе се обнови а комуникацијата ќе биде отворена. Воглавно, минувате низ добар период во љубовниот живот, иако во првата половина ќе се случат испадни на љубомора, посесивност и доминација. Не обидувајте се да одлучите кој е главен во врската бидејќи тоа ќе ја наруши хармонијата. По секоја цена избегнувајте ги уцените.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …