(ВИДЕО+ФОТО) Нови детали за филмот „Breaking Bad“

За филмската верзија на серијата „Breaking Bad” се зборува со месеци и не се познати
многу детали. Добра вест е дека се дознаваат неколку новини кои вас, ако сте фан на
серијата, ќе ве инспирира да мечтаете за она што ве чека.


Сајтот „Revenge of the fans” објавил дека филм дефинитивно ќе има бидејќи за него се
зборува уште од ноември, кога е објавен мистериозниот проект „“Greenbrier”,како и целата листа на глумци кои се очекува да се појават во него, а на листата се наоѓаат и
омилените готвачи на мет – Волтер Вајт и Џеси Пинкмен, односно глумците Брајан Кренстон
и Арон Пол.
Покрај нив најавени се и Џонатан Бенкс (Мајкл), Џеси Племонс (Тод), Чарлс Бејкер (Скини
Пит), Мет Џоунс (Беџер), Роберт Фостер (Ед), Тес Харпер (госпоѓа Пинкмен), Кристина
Рајтер (Џејн)и Кевин Ренкин (Кени).
Филмот во работна верзија се вика „Greenbrier”, а дејствието е дефинитивно во „Breaking
Bad” светот и следи „киднапиран човек кој успева да избега и бара начин да дојде до
слобода“.


Со оглед на тоа дека и Кристи, која го толкува ликот на Џејн, како и Брајан,односно
Волтер, починале во серијата, логичен заклучок е дека дејствието во филмот ќе
биде сместено во некој временски период пред тие настани или можеби ќе се појавуваат
само низ „флешбекови“ на нечии сеќавања.
Минатиот ноември, Кренстон во едно интервју зборувал за враќањето на Волтер Вајт на
малечките екрани.


„Кога Винс Гилиген би ме прашал, секако дека би се согласил. Тој е гение!Новиот проект
„Greenbrier“ е прекрасна приказна и има многу луѓе кои сакаат да го видат крајот на
нераскажаните приказни во серијата“, рекол глумецот.
Сепак, останува да ја видиме и официјалната верзија која премиерно ќе се прикаже прво
на „Нетфликс“ а потоа и на AMC, додека датите на премиерата ќе бидат доиполнително
објавени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …