(ВИДЕО+ФОТО) Никогаш не е доцна: 90. годишна баба конечно дипломирала – 71 година откако се запишала на факултет

Една баба од САД на 90-годишна возраст конечно ја земала дипломата во свои раце, дури 71 година откако се запишала во прва година на факултет.
Џојс ДеФау, потоа Џојс Виола Кејн, ја започнала својата бруцошка година на Универзитетот во Северен Илиноис во 1951 година со планови да стекне диплома по економија.
Сепак, тие планови се смениле кога ДеФау го запознала својот прв сопруг во црква, изјавила таа за Си-Ен-Ен.
„Одев на училиште три и пол години, но решив да се откажам откако го запознав“, изјавила Џојс.
Нејзиниот сопруг се викал Дон Фриман Сениор. Двајцата се венчале во 1955 година и имале три деца пред да почине Фримен, оставајќи ја вдовица околу пет години. ДеФау на крајот повторно се омажила за нејзиниот втор сопруг, Рој ДеФау. Заедно имаат шест деца, вклучително и два пара близнаци.


Со текот на годините нејзиното семејство се зголемило, а таа сега има 17 внуци и 24 правнуци. Во 2019 година, ДеФау покажала интерес за факултетското образование што го оставила зад себе.
„Мислам дека спомнав дека бев вознемирена што не го завршив училиштето и моите деца ме охрабрија да се вратам“, рекла таа, па повторно се запишала на Универзитетот и почнала да оди на часови.
Членовите на нејзиното семејство и дале поддршка, и наместо да оди до кампусот за да посетува настава, таа го направила тоа преку Интернет од нејзината соба.

„Тоа беше мојот прв компјутер“, рекла ДеФау, „моите деца мораа да ме научат како да го користам“.
„Имаше моменти кога сакав да се откажам, но не се откажав“, вели ДеФау, која смета дека и директорката на основните студии, Џуди Сантакатерина, и била од голема помош.
ДеФау земала по еден час секој семестар, вклучително и во текот на летото. Сега, три години подоцна, таа добила диплома за основни студии на Универзитетот.
Таа посочува дека е благодарна што имала можност да се врати на училиште и да ја добие својата диплома: „Убаво е да завршиш нешто што си го започнала“, рекла таа и ги советувала другите: „Не се откажувајте, знам дека може да биде тешко, но сè во животот има свои подеми и падови“.

Фото: Принтскрин/ Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На сред двор во земја пронашла тепих, набрзо пристигнала ПОЛИЦИЈАТА

Приказната „експлодира“ на социјалната мрежа TikTok и видеото собра речиси 20 милиони прегледи, а луѓето …