(ФОТО) Фернандо Колунга, 25 години подоцна: Како денес изгледа заводникот од серијата „Есмералда“?

Фернандо Колунга се прослави со бројните улоги во мексиканските сапунски опери, кои на крајот му ја донесоа титулата женски „кршач на срца“.
Во својата актерска кариера има повеќе од 200 телевизиски и филмски улоги, а домашната публика најдобро го памети по улогата на Хозе Армандо Пењареал во култната серија „Есмералда“.
Од таа улога помина многу време, а денес познатиот заводник има 57 години и изгледа феноменално.

This image has an empty alt attribute; its file name is fernando-kolunga.jpg
Магазинот „Гламур“ две години по ред го прогласуваше за најатрактивен актер, а покрај тоа беше и еден од најплатените. Иако е еден од најпознатите актери, треба да се напомене дека е и еден од најпосакуваните ергени. Фернандо никогаш не се оженил, а речиси ништо не се знае за неговиот љубовен живот.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивно интервју со Милчо Манчевски: Јас секогаш верував дека она што имам да го кажам има вистинска вредност, само е прашање на време и на труд за тоа да биде потврдено

Нема доволно зборови за да се опише големината на нашиот Милчо Манчевски. Всушност за него …