Брус Вилис го променил тестаментот неколку дена откако дознал дека има афазија.
Неговото богатство од 250 милиони долари ќе оди кај неговото семејство. По еден милион долари ќе им остави на ќерките Румер (34), Скаут (31) и Талула (28) кои ги добил со Деми Мур, пренесува Radar Online.
View this post on Instagram
Изворот открил дека најголемиот дел од парите ќе одат за неговата сегашна сопруга Ема и нивните ќерки Мејбел (10) и Евелин (8).
View this post on Instagram
„Брус сака да се погрижи неговите најмали деца да бидат обезбедени финансиски. Тој мисли дека на Румер, Скаут и Талула ништо нема да им недостига. Брус прво го промени тестаментот во 2009. година, откако се ожени со Ема, а потоа неколку месеци по раѓањето на нивните деца, а потоа повторно кога дознал дека има сериозни здравствени проблеми“, додал изворот.
View this post on Instagram
Актерот исто така верува дека Деми, чие богатство се проценува на 200 милиони долари, секогаш ќе биде тука за Румер, Скаут и Талула.
„Состојбата му се влошува. Тој не разбира што му се зборува“, рекол тој.
Фото: Принтскрин/Instagram