(ВИДЕО+ФОТО) Најдобрите пријатели изградиле населба за да можат заедно да остарат

Четири пара кои се пријатели 20. години, одлучиле да изградат мало гратче само за себе за да можат да живеат едни до други, а воедно да бидат и во природа.
Нивната населба, наречена Llano Exit Strategy, содржи четири малечки куќи близу реката Лиано вон Остин во Тексас. Самоодржливите и еколошки куќички ги дизајнирал архитектот Мат Гарсиа, а секоја од нив чини 40.000 долари. Имаат наведнати кровови со буриња за вода, односно дождовница, посебно изолирани прозорци и рефлектирачки ѕидови кои се осмислени така да ја чуваат куќата од големите летни горештини.


Интериерите се изработени од шперплочи, што ги намалува трошоците и на куќите им дава топол и простран впечаток. Секоја куќичка има просторија со брачен кревет и кауч, бања и тераса.


„Тука ни е како во филм на Дизни, гледаме разни животни и колку почесто сме тука повеќе ги откриваме“, опишала за Bored Pandu, Џоди Зип, една од жителките.

Llano exit strategy #tribeza photo shoot with @mattgarciadesign

Gepostet von Black Rabbit am Mittwoch, 3. Juni 2015

Паровите минуваат што е можно повеќе време во своите новоизградени куќи, а тука планираат да ја минат и пензијата и да остарат заедно. Бидејќи паровите сеуште не го минуваат сето време тука, куќичките е можно и да се изнајмат преку Airbn.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …