(ВИДЕО) Фернандо Алонсо возел „Јарис“ – еве што вели!

Двојниот првак на Формула 1 седнал зад управувачот на спортската „Тојота Јарис“.
Алонсо бил изненаден од Јарисот. Секако, на Есторил не извел обичен модел, туку спортскиот Yaris GR, кој веќе многумина, кои го возеле, го нарекуваат урбан тркач на деценијата.
„Овој автомобил е извонредна комбинација на спорт и добри перформанси, вистински спортски автомобил кој можете да го возите секој ден и да ги надминувате очекувањата со секоја промена на степенот на пренос, со секое кочење во свиок, секогаш е малку подобро отколку што сте очекувале“, рекол Алонсо после тест возењето.
Алонсо не го изненадиле само снагата и стабилнсота на возилото, туку и одличните кочници. Да потсетиме, Yaris GR го покренува 1,6 турбо трицилиндраш со 262 КС и 360 Nm во комбинација со рачен менувач и погон на сите тркала, 100 км/час има за 5,5 секунди, 230 км/час е максималната брзина, а помеѓу е очигледно многу уживање за возачите. Цената не е позната а во продажба пристигнува оваа година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …