(ВИДЕО+ФОТО) Љубов:Биргит на Ники му донирала бубрег после само осум месеци врска!

Лауда зад себе ги оставил синовите Матиас (38), Кристофер (37), Лукас (36), близнаците Макс и Миа (9) сопругата Биргит (40) и бившата сопруга Марлене со која останал во добри односи…

Легендата на Формула 1, Ники Лауда починал во 71. година, девет месеци откако му трансплантирале белодробно крило.
„Замина нашиот сакан Ники. Умре мирно, во кругот на семејството. На сите ни беше узор, прекрасен сопруг, татко и дедо и многу ќе ни недостасува“, објавило неговото семејство. Лауда зад себе оставил пет деца и сопруга и бивша сопруга со која останал во добри односи.


Му дала бубрег после само осум месеци врска
Биргит Ветзингер (40) била стјуардеса на Аустриан Ерлајнс, компанија на која Лауда и ја продал својата авио компанија, кога го запознала Ники. Тогаш имала 26. години, а Лауда имал проблем со бубрезите. После само осум месеци врска Биргит одлучила на Лауда да му подари свој бубрег бидејќи неговиот син, Лукас, од првиот брак не бил соодветен донор.
„Го прашав Лукас да се тестира и да ми подари бубрег но не беше соодветен донор. Биргит тогаш рече дека ќе се тестира, ја прашав зошто а таа ми одговори – ‘бидејќи сакам’. И реков дека нема да го направи тоа бидејќи се знаеме само осум месеци и дека јас не би го направил тоа. Направи тест и испадна дека одговара. Три месеци ми говореше дека ќе го направи тоа бидејќи ме сака. Не беше преплашена ниту пак било што прашуваше, имаше чист пристап -‘Јас ќе го направам тоа’. После долго размислување отидовме во болница и гледав како ја одвезуваат мислејќи нешто да не и се случи.Добив нов бубрег и работи 100 отсто исправно. Тоа е фантастично“, рекол Лауда, пренесува F1i.com.



Ветзингер била втора сопруга на Лауда. Се венчале во 2008. година и останале заедно се’ до неговата смрт. Добила близнаци, Макс и Миа (9).
„Не се оженив со неа бидејќи ми даде бубрег. Ја оженив бидејќи беше вистинската жена за тоа и потоа добивме деца. Навистина сум среќен поради се“, рекол Лауда кој добил втора прилика да се искаже како татко. За своите први два сина Матиас (38) и Лукас (36) немал многу време поради активната кариера.


„Сега имам време и немам изговори. Сега уживам во моите две малечки деца кои ме доржуваат млад. Морам да кажам дека животот денес ми е фантастичен“, рекол Ники и додал дека не жали по минатото бидејќи не можело да биде поинаку, пренесува F1i.com. Со Матиас и Лукас изградил добар донос.


Марлене Кнаус после Лауда не се премажила
Првата љубов на Лауда била Марлене Кнаус, австриска манекенка родена во САД. Се запознале во 70. ттите и се венчале во 1976. година. Ги добиле синовите Матиас и Лукас кои тргнале по татковите стапки. Матиас е возач на автомобилски трки, а братот му е менаџер.

Иако и двајцата биле славни па биле интересни како пар, својот приватен живот го држеле во тајност. Се развеле после 15. години брак. Не откриле точна причина за разводот, но наводно Ники бил неверен и го добил синот Кристоф (37) со љубовница.Иако се развеле, поради децата останале во добри односи. Кнаус добила и доста голема алиментација после разводот и заработила отприлика 43. милиони долари. Никогаш повторно не се омажила.

„Моето старо и ново семејство често се дружат заедно. Пред некој ден бевме во ресторан, Марлене, Биргит и јас. Таа е извонредна жена. Таа е среќна кога сите се среќни. Се разведовме, но и понатаму сме пријатели. Ништо не се променило. Напротив, Биргит и е исто така пријателка“, рекол во една пригода Ники Лауда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …