(ВИДЕО) Морбидно – Поминал 45. години во затвор за убиство кое не го направил: Сега ќе добие 1,5 милиони долари оштета – еве што планира!

Американецот кој минал 45. години во затвор, пред да биде прогласен за невин за делото за кое бил обвинет, ќе добие 1,5 милиони долари обештетување поради судска грешка, соопштиле денес властите на американската држава Мичиген.
Ричард Филипс (73) во 1972. година бил осуден на доживотен затвор за убиство за кое, од почетокот тврдел дека не е виновен. Судот го осудил на основа на сведочење кое се покажало како неточно.
Филипс во 2018. година бил ослободен после интервенција на програмата на Универзитетот во Мичиген, која се бави со судски грешки. Официјални лица од таа програма навеле дека ниту едно лице не минало толку долго во затвор во САД поради правосудна грешка.


Бившиот осуденик живее од продажба на слики кои ги направил додека бил во затвор, а некои негови дела се продадени за неколку илјади долари.
Филипс, инаку афроамериканец, наскоро нема да мора да продава слики за да има пари бидејќи ќе ја добие оштетата.
„Ќе патувам и уживам во животот“, рекол Филипс реагирајќи на одлуката за доделување оштета.

Екран.мк/Beta
Фото:AP/Carlos Osorio


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …