Не им се замерувајте: Ова се најголемите осветници во хороскопот!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

И’ додека некои можат да простат се, други планираат освета дури и пред да се случи сукобот…
Лицата родени во следните хороскопски знаци сметаат дека единствена достојна правда за нивните повредени чувства е осветата па така зборот „прошка“ едноставно го занемаруваат и продолжуваат да прават свои планови.


Јарец
Кога ќе повредите лице родено во знакот на Јарец знајте дека поради тоа ќе страдате цел живот. Тие не простуваат, памтат се, а кога најмногу ќе им одговара – враќаат „мило за драго“. Јарците не поднесуваат некој да ги види повредени па поради тоа бргу го враќаат својот „заштитен оклоп“ и ја оставаат лутината да ги води понатаму.

Бик
Биковите ги интересираат само ним важните луѓе па затоа не се обѕираат на „ситни риби“ за кои мислат дека ги повредиле а тиа всушност веќе ги заборавиле. Но, доколку повредите некој кој им е близок, бидете сигурни дека тоа нема да остане нерешено.


Скорпија
Ако повредите лице родено во знакот на Скорпија, тоа јасно ќе ви даде до знаење дека ве очекува пекол. Скорпиите за единствено решение ја сметаат директната агресија, а во тие случаи главно ги води нивното повредено его, а не здравиот разум.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …